Енергетскиот гигант Бритиш Петролеум БП планира да отпушти 4.700 вработени ширум светот и да укине дополнителни 3.000 позиции за лица вработени со договори.
БП вработува околу 90 илјади луѓе ширум светот. Главниот извршен директор Мареј Очинклос во октомври минатата година објави дека до 2025 година може да има намалување на трошоците за речиси 500 милиони евра.
„Минатата година започнавме повеќегодишна програма насочена кон поедноставување и фокусирање на работењето на БП. „Ја зајакнуваме нашата конкурентност и градиме отпорност, а истовремено ги намалуваме трошоците, ги подобруваме перформансите и ги надоградуваме нашите карактеристични сили“, се вели во најновото соопштение на компанијата.
Оттаму додаваат дека во обраќањето до вработените, сега најавиле дека со измените може да се зафатат околу 4.700 вработувања во компанијата, од кои најголем дел годинава, како и три илјади лица со договор.
„Во ова време на трансформација, наши приоритети остануваат безбедното и доверливо работење на нашиот бизнис и поддршката на нашите тимови“, се наведува во соопштението, пренесено од Euronews.