Цените на акциите на европските берзи пораснаа трет ден по ред, со што се на пат на неделни добивки, додека инвеститорите ги очекуваат новите економски показатели и деловните резултати на компаниите.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот порасна за 0,3 отсто.
Лондонски FTSE индекс порасна за 0,77 отсто, на 8.456 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,31 отсто, на 20.720 поени, а париски CAC за 0,61 отсто, на 7.680 поени.