Нов рекорд: Биткоинот расте пред инаугурацијата на Трамп

Биткоинот, водечката криптовалута во светот, скокна на новото највисоко ниво на сите времиња од над 109.000 долари, поттикнато од предвидувањата на глобалните инвеститори пред инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Силната про-крипто агенда на Трамп беше клучен двигател на силата на Биткоин по неговиот реизбор, со што неговата цена се зголеми за повеќе од 125% само во 2024 година, пренесува Екапија.

Оваа криптовалута сега зазема повеќе од 60% од уделот на пазарот, што е нејзина највисока доминација од 2021 година.

Биткоинот скокна за 7,87% и се тргуваше за 109.358,01 долари во 1:55 часот по источно време, пренесува Teletrader. Ethereum го следеше тој тренд, скокајќи за 6,54 и тргувајќи се за 3,425,09 долари.