Русија го зголеми извозот на гас за 15,6 отсто во 2024 година

Според резултатите за 2024 година, производството на гас во Русија изнесува околу 685 милијарди кубни метри, што е зголемување за 7,6 отсто во однос на 2023 година, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак.

Извозот на гас преку цевководи се зголеми за 15,6 отсто, достигнувајќи повеќе од 119 милијарди кубни метри, додека извозот на течен природен гас (ЛНГ) се зголеми за четири отсто на околу 47,2 милијарди кубни метри, пишува Комерсант.

Производството на нафта во 2024 година изнесува 516 милиони тони, од кои 240 милиони тони се извезени. Уделот на приходите од нафта и гас во федералниот буџет беше околу 30 проценти.

Производството на јаглен во 2024 година било околу 443,5 милиони тони, од кои 196,2 милиони тони биле извезени.

Според Новак, и покрај надворешните шокови, растот на БДП на Русија бил околу четири отсто, додека од 2020 до 2024 година економијата пораснала за речиси 13 отсто.

Секторот за гориво и енергија (ТЕК) останува клучен дел од руската индустрија, со учество во БДП од околу 20 проценти.

Вкупната вредност на инвестициите во овој сектор достигна 10,5 трилиони рубљи (107 милијарди долари), што претставува раст од 16 отсто.