Според податоците на Монстат, просечната нето плата во Црна Гора во декември минатата година изнесувала 1.012 евра.
Според истите податоци, просечната нето-плата во декември била за 1,9 отсто повисока од претходниот месец, додека во однос на декември 2023 година е забележана пораст од цели 24,3 отсто.
Со оглед на тоа што потрошувачките цени во декември 2024 година бележат намалување од 0,1 отсто во однос на ноември 2024 година, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат пораст од 2 отсто, прецизира Монстат.
Просечната бруто плата во декември 2024 година во Црна Гора била 1.205 евра.
Во 2024 година просечната бруто плата била 1.083 евра, додека просечната нето плата била 876 евра.
„Имајќи предвид дека потрошувачките цени во 2024 година забележаа пораст од 3,3 отсто во однос на 2023 година, произлегува дека реалните плати за истиот период бележат пораст од 7,1 отсто“, заклучува Монстат во соопштението.