УЈП ќе почне да исплаќа пари за скенираните сметки

Управата за јавни приходи информира дека согласно Законот, исплатата на средства за скенираните сметки во периодот октомври – декември 2024 година ќе се реализира во тек на месец февруари!
Најчести грешки кои го одложуваат процесот на исплата се:
Погрешно внесена трансакциска сметка
-Внесена трансакциска сметка на друго лице
Наместо трансакциска сметка внесен број на платежна картичка
-Внесена трансакциска сметка која не постои или е згасната