Експерти: Тарифите на Трамп би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 отсто

Новите царини на претседателот Доналд Трамп за увоз од Канада, Мексико и Кина би можеле да го намалат американскиот извоз за 22 отсто доколку погодените земји возвратат со контрамерки, се вели во анализата објавена денеска од минхенскиот институт за економски истражувања Ифо.

Според ова сценарио, канадскиот извоз би паднал за 28 отсто, а мексиканскиот за 35 отсто, додека Кина, со пад на извозот од 3,8 отсто, би била најмалку погодената земја бидејќи може да го пренасочи својот извоз на други пазари.

Вкупниот германски извоз би се зголемил благо за 0,5 отсто, но експертите нагласуваат дека станува збор за „меч со две острици“.