Кинеската државна управа за регулирање на пазарот соопшти дека ќе започне истрага против американската технолошка компанија Гугл за наводно прекршување на антимонополските закони во оваа азиска земја.
Овој потег уследи откако Кина објави дополнителни царини за избрани американски стоки, пренесува CNBC.
Кинеското Министерство за финансии објави дека почнувајќи од 10 февруари, ќе воведе царини од 15 отсто за увоз на јаглен и течен природен гас од САД и ќе ги зголеми царините за 10 отсто за американската сурова нафта, земјоделската опрема и одредени автомобили и камиони.