Само неколку дена откако Sony објави дека продаде еден милион примероци од конзолата Playstation 4 во првите 24 часа, од Microsoft доаѓа слична информација. Microsoft објави дека во првиот ден од официлајната продажба, продадени се милион примероци од конзолата Xbox One. Сепак, треба да се напомене дека конзолата на Microsoft истовремено е лансирана на 13 пазари, додека Sony го продаваше Playstation 4 исклучиво во САД и Канада.
Xbox One чини 499 долари во САД, а PlayStation 4 чини 399 долари. Двете конзоли имаат подобрена графика, нови социлајни функции и подобар контролер отколку нивните претходници, Xbox 360 и PlayStation 3.