Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит додека малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,542 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,011 ден/кг.