
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот месечен извештај во февруари ја задржа прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта во 2025 година на 1,45 милиони барели дневно (bpd) и на 1,43 милиони барели дневно во 2026 година.
ОПЕК верува дека патниот и воздушниот транспорт ќе ја зголемат потрошувачката на нафта и не очекува потенцијалните трговски царини да влијаат на глобалниот економски раст, пишува Ројтерс.
Нафтениот картел со седиште во Виена рече дека трговската политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп внесе поголема несигурност на пазарите, потенцијално создавајќи нерамнотежа во понудата и побарувачката, но не ја променија нејзината прогноза за економски раст за 2025 година.











