![london-1567903_640](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/london-1567903_640.jpg)
Економијата на Обединетото Кралство, според прелиминарните проценки, пораснала за 0,1 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во споредба со претходниот квартал, што пријатно ги изненади аналитичарите од Сити на Лондон и Банката на Англија кои очекуваа пад од 0,1 отсто, објави денеска Британската канцеларија за национална статистика (ONS).
Услужниот сектор во Обединетото Кралство порасна за 0,2 отсто на квартално ниво, градежништвото за 0,5 отсто, додека преработувачката индустрија забележа петти последователен квартален пад, овој пат за 0,8 отсто, се додава во извештајот.
Британската економија претходно стагнираше во третиот квартал на 2024 година, но сега избегна да западне во рецесија, што секако е олеснување за канцеларката на финансии Рејчел Ривс, пренесува Гардијан.