
Нафтениот картел ОПЕК + би можел да го одложи планираното зголемување на производството на нафта првично најавено за април и покрај повиците на американскиот претседател Доналд Трамп да ги намали светските цени на енергетскиот производ.
Глобалните пазари на нафта остануваат премногу кревки за да го зголемат производството, изјави за Блумберг еден од делегатите на картелот ОПЕК плус, кој сакаше да остане анонимен.
Друг неименуван делегат рече дека ОПЕК + е поделен по ова прашање и дека конечната одлука сè уште не е донесена.











