
Европските берзански индекси денеска бележат благ пад, додека цените на нафтата и златото пораснаа, како и акциите на компаниите кои произведуваат оружје и воена опрема.
Акциите на германската групација „Ренк“, која, меѓу другото, произведува опрема за воени возила, пораснаа за околу седум отсто, пренесува CNBS.
Американските власти се подготвуваат за преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, а претставниците на Украина и Европа се изоставени од овие дискусии. Европските лидери вчера одржаа итен самит во Париз за да разговараат за тоа како да одговорат на одлуката да се остави настрана Европа во преговорите за Украина и се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 22.783,22 поени, британскиот FTSE 100 на 8.764,52 поени, францускиот CAC 40 на 8.184,43 поени, а московскиот MOEX на 3.293,72 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 44.546,08 поени пред отворањето на берзите во САД денеска, индексот S&P 500 падна на 6.114,63 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 20.026,77 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 71.427 долари, а на нафтата од типот брент на 75.329 долари.











