Кина бара дебата на СТО за трговските турбуленции предизвикани од царините на Трамп

Кина  побара дебата во Светската трговска организација (СТО) за очекуваните турбуленции откако Соединетите Американски Држави започнаа или се заканија со царини, и ја повика меѓународната организација да одговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини од 10 отсто за целиот увоз од Кина, што го натера Пекинг да одговори со реципрочни мерки и да започне спор против Вашингтон во СТО, објави Ројтерс.

Дискусијата во Светската трговска организација, која служи за надзор и либерализација на меѓународната трговија, требаше да се одржи доцна во вторник или рано во среда.