Италијанското правосудство вчера го деблокира либискиот имот вреден преку една милијарда евра кој беше замрзнат од минатиот март, јавуваат италијанските агенции повикувајќи се на либиски челник.
Имотот беше замрзнат на барање на Меѓународниот казнен суд во Хаг во рамките на истрагата за злосторство против човештвото, против поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи и неговото семејство.
“Многу сум задоволен од враќањето на преку една милијарда евра имот под контрола на либиските власти што демократски ја избра либискиот народ”, наведува либискиот претставник Мохсен Дерегија.