Apple ќе отвори 20.000 работни места во САД и ќе инвестира 500 милијарди долари во текот на четири години

Американската технолошка компанија Apple денеска објави дека ќе отвори 20.000 нови работни места во САД и ќе инвестира 500 милијарди долари во земјата во следните четири години.

Компанијата од Купертино соопшти дека ќе започне со производство на сервери за вештачка интелигенција за својот Apple Intelligence систем во Хјустон, Тексас, во соработка со Foxconn.

Apple, исто така, ќе го прошири постоечкиот капацитет во своите центри за податоци во Аризона, Орегон, Ајова, Невада и Северна Каролина, пишува Bloomberg.