
Во Италија минатата година затворени се 61.000 продавници, а отворени се само 23.000, што ја прави 2024 година најлошата година во однос на вкупниот број продавници од 2014 година, објави Италијанската стопанска комора.
Трговците на мало предупредуваат дека ако овој тренд не се промени, постои ризик да не се отворат нови продавници во 2034 година, објави АНСА.
Италијанското здружение на мали и средни претпријатија предупреди дека досега е малку или ништо направено за да се спречи исчезнувањето на малите продавници.
Здружението наведува дека целосното преземање на монополот од страна на големите компании би имало негативно влијание врз потрошувачите.











