Вториот ден на DIGIT посветен на дизајнот

38

Вториот ден од големиот дизајнерски и информатички настан DIGIT го одбележа големиот интерес на студентите за предавањата и креативните работилници од областа на дизајнот.

Денот беше заокружен со посета на најголемата македонска ИТ компаниja Seavus, преку која студентите добија можност одблиску и детално да се запознаат со работата на компанијата која веќе повеќе од 14 години успешно работи на светскиот пазар и важи за репер за професионалност, посветеност и воведување на иновации за што поголем развој на оваа индустрија.

Според програмата, во текот на вчерашниот ден се одржаа повеќе предавања и работилници на кои студентите имаа можност подобро да се запознаат со теоријата на дизајнот, типографија, логоа, како и дизајн трендови за следната година. Предавањата беа реализирани од страна на професори од ФИНКИ и предавачи од Seavus едукативниот и развоен центар.

Факултетот ФИНКИ заедно со Seavus едукативниот и развоен центар се златни спонзори и поддржувачи на шестдневниот ИТ настан.