
Кварталниот извештај, кој наскоро ќе го објави американскиот технолошки гигант Nvidia, ќе биде најгледаниот настан оваа недела на Волстрит бидејќи треба да обезбеди увид во нивото на побарувачка за врвните процесори на компанијата и потенцијално да ја зголеми вредноста на акциите на компаниите за вештачка интелигенција, објави денеска Ројтерс.
Акционерите собраа огромен профит од порастот на вредноста на компаниите како Nvidia, Amazon, Meta Alphabet и другите членови на „Magnificent Seven“ додека се бореа за доминација во новите технологии за вештачка интелигенција по појавата на chetGPT во ноември 2022 година.
Во последно време, повеќето од тие акции паднаа, а инвеститорите станаа повнимателни.











