Цената на нафтата паѓа

Hа валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е зголемена.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 107,35 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,56 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 149,35 на 149,85 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0390 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0465 долари.

Цените на нафтата сепак паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,46 отсто, на 73,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,42 отсто, на 70,05 долари.