
Се чини дека иднината на Maserati е под голем знак прашалник. Имено, Stellantis се откажа од својата инвестиција од 1,5 милијарди евра во италијанскиот бренд, која вклучува развојен пакет за електричниот Maserati MC20 и електричните наследници на Quattroporte и Levante, пренесува Ревија Хак.
Autocar пишува дека финансискиот директор на Stellantis, Даг Остерман, верува дека конгломератот треба да го преиспита времето на планираното лансирање на производи на Maserati. На Maserati му требаат пари и нови модели ако сака да опстане. Минатата година загуби 260 милиони евра Глобалната продажба падна од 26.600 возила во 2023 година на само 11.300 возила минатата година.
Најавата на Стелантис за повлекување на голема инвестиција дефинитивно не е добар знак…