Костиќ: Отворен Балкан во пракса не успеа

Претседателот на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК Банка Александар Костиќ во интервју на Бизнис форумот Копаоник оцени дека „Отворениот Балкан“, кој имаше за цел да создаде мала Европска унија меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија, во пракса пропадна.

Тој рече дека Отворениот Балкан е добар обид, но дека во пракса пропаднал поради бирократијата која го запрела процесот на слободно движење на стоки.

Костиќ изјави дека, на пример, најголемата пречка за МК Груп во деловното работење е регулативата.

„Регулативата е најголемата пречка за нашиот бизнис. На пример, во земјоделскиот сектор, верувам дека Србија, Словенија и Хрватска имаат добри стандарди, но проблемот е што тие се нерамномерни и секој има свој начин на работа. Го имаме примерот со Отворениот Балкан, кој е добар обид да имаме мала Европска унија на Балканот, но не успеавме поради бирократијата која ги запира процесите“, рече тој, а пренесува весникот „Данас“.