Голдман Сакс ја зголеми прогнозата за економски раст за Германија и еврозоната во 2025 година

Њујоршката банкарска групација Голдман Сакс ја зголеми својата прогноза за економски раст на Германија и на целата еврозона во 2025 година.

Голдман Сакс сега очекува најголемата европска економија да порасне за 0,2 отсто оваа година, бидејќи растат изгледите дека Германија ќе ги зголеми своите воени и инфраструктурни трошоци, пишува Ројтерс.

Претходната проекција предвидуваше дека германската економија ќе стагнира во 2025 година.