
Европската унија ќе дејствува кога агресивните трговски политики ќе ги загрозат интересите на нејзините бизниси и работници, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
„Има вишок капацитет од Кина, има најава од САД дека ќе воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум, и тука, да биде многу јасно, Европа секогаш ќе се залага за отворени пазари и фер конкуренција“, рече таа.
Според неа, ЕУ секогаш ќе дејствува кога се загрозени нејзините интереси, имено работните места и работниците.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец објави дека неговата администрација наскоро ќе објави нови царини од 25 отсто за увозот од ЕУ, вклучувајќи ги и автомобилите.











