Европската централна банка ги намали стапките на депозитите за 25 базични поени на 2,5 отсто

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, со што стапката на депозити сега е 2,5 отсто, каматната стапка на операциите за главно рефинансирање е 2,65 отсто, а каматната стапка на маргиналниот кредитен капацитет е 2,9 отсто.

Овие промени, кои се во согласност со очекувањата на пазарот, ќе стапат на сила на 12 март, а добиените информации покажуваат дека процесот на постепен пад на инфлацијата е „на добар пат“, се вели во соопштението.

Монетарната политика станува значително помалку рестриктивна, намалувајќи ги трошоците за задолжување за претпријатијата и домаќинствата.