
Испораките на руски течен природен гас (ЛНГ) во Европската унија се зголемени за пет отсто годишно од почетокот на 2025 година, на речиси четири милијарди кубни метри, објави европскиот аналитички центар „Бригел“.
Европската унија увезла 3,92 милијарди кубни метри руски ЛНГ во јануари и февруари, во споредба со 3,74 милијарди кубни метри една година порано, пренесе ТАСС.
Испораките на руски ЛНГ во Европа во февруари изнесуваа 1,86 милијарди кубни метри, во споредба со 1,68 милијарди кубни метри пред 12 месеци.











