Претседателот на ФЕД: И покрај неизвесностите, американската економија сè уште е во добра состојба

Претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел изјави дека постои зголемена неизвесност за економските изгледи на САД, но додаде дека нема потреба да се брза со прилагодување на финансиската политика.

Тој истакна дека, и покрај тоа, американската економија сè уште е во добра состојба, објави Блумберг.

„Не треба да брзаме и сме во добра позиција да чекаме развој“, рече Пауел.