Просечната нето-плата во септември изнесувала 21.060 денари

39

denariИндексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава, во однос на септември лани, изнесува 101.3, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Транспорт и складирање (6%), Градежништво (5,8%) и Рударство и вадење на камен (4,4%).

Намалување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење на камен (5,8%), Уметност, забава и рекреација (2,8%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината (2,8%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2013, изнесува 21.060 денари. Во истиот месец, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.