Ќе се градат 759 станови, во скопскиот регион најмногу дозволи за градба во Бутел

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2025 година се издадени 317 одобренија за градење, што е за 23.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Во скопскиот регион најмногу дозволи за градење има издадено општина Бутел, вкупно 32. Следуваат општините Илинден, вкупно осум, Гази Баба и Центар со по седум дозволи за градба. Петровец, Сопиште и Чучер Сандево имаат издадено по три дозволи за градење, во Аеродром две, а Арачиново, Зелениково и Сарај со по една доволи за градење. Во општините Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Чаир и Шуто Оризари не е издадена ниту една дозвола за градење.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 772 690 илјади денари, што е за 28.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 174 (54.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15.8 %) за објекти од нискоградба и 93 (29.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 178 (56.2. %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 139 (43.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 759 станови, со вкупна корисна површина од 60 471 м2.