ОПЕК: Намалени испораки на руска нафта за Кина и Индија

Вкупниот кинески увоз на руска нафта во јануари се намали за 12 отсто, или 1,3 милиони барели дневно, на 10 милиони барели, соопшти Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Уделот на Русија во вкупниот кинески увоз на нафта падна на 19 отсто (од 20 отсто во декември), објави Тасс.

Во однос на испораките на нафта во Кина, следат Малезија и Саудиска Арабија со 13 отсто од вкупниот волумен.

Во исто време, според податоците објавени од ОПЕК, руската нафта учествуваше со 33 отсто од вкупниот увоз на нафта во Индија во јануари (намалување од 38 отсто еден месец претходно), по што следат Ирак со 21 отсто и Саудиска Арабија со 14 отсто.

Вкупниот увоз на нафта во Индија порасна за три отсто во однос на истиот месец, на 4,9 милиони барели дневно во јануари.