
Италијанската модна дизајнерка Донатела Версаче е отстранета од функцијата креативен директор на модната куќа Версаче и сега е само „главен амбасадор на брендот“.
Во соопштението објавено од американскиот претставник на модната куќа, Капри холдингс, се наведува дека на местото на Версаче ќе дојде Дарио Витале, поранешен директор за дизајн на италијанската модна куќа Миу Миу и дека тој официјално ќе ја преземе функцијата во вторник на 1 април.
Капри Холдингс го купи Версаче во 2018 година и исто така ги поседува брендовите Мајкл Корс и Џими Чу.
Версаче ја презеде функцијата креативен директор на модната куќа на нејзиниот покоен брат Џани во 1997 година, по неговото убиство во Мајами.
Версаче изјави дека и е најголема чест да го продолжи наследството на нејзиниот брат Џани.
– Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстраствениот поддржувач на Версаче. „Версаче ќе биде во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, рече таа.
Минатата година Версаче со повеќе од пет милијарди евра приход, учествуваше со околу 20% од приходите на Капри Холдингс.











