Евростат: Стапката на вработеност во ЕУ беше 75,9 отсто во четвртиот квартал лани

Стапката на вработеност на лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската унија била 75,9 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, објави  Евростат.

Заводот за статистика на ЕУ забележува дека процентот на сите лица со незадоволени потреби за вработување бил 10,8 отсто во четвртиот квартал од 2024 година, што е намалување за 0,1 процентен поен во однос на третиот квартал од 2024 година.

Во споменатиот период, стапките на вработеност меѓу 15-те земји на Европската унија се зголемени во Грција и Луксембург (по 0,8 отсто), како и во Литванија, Малта и Словенија (по 0,5 отсто).