Цените на млекото во ЕУ се зголемија за 15,3 отсто во четвртиот квартал лани

Цената на млекото во земјите на Европската унија нагло порасна во последниот квартал од 2024 година, при што цените на млекото се зголемија за 15,3 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Раст е забележан во 24 земји-членки на ЕУ, а највисоки стапки се забележани во Ирска (43,7 проценти), Литванија (33,2 проценти), Белгија (30,8 проценти) и Шведска (30,3 проценти), објави Европската статистичка служба – Евростат.

Цените на житото незначително се променија, зголемувајќи се во просек за 0,3 отсто, при што движењата на цените варираат во различни земји. Пад е забележан во 17 земји, а пораст во останатите десет. Највисока стапка на раст е забележана во Словенија (20,3 отсто).

Кај стоките и услугите потрошени во земјоделството, остар пад на цените е забележан кај вештачките ѓубрива и подобрувачите на почвата (-6,9 проценти во просек во ЕУ) и добиточната храна (-5,0 проценти) во последниот квартал од 2024 година, во споредба со истиот квартал од 2023 година.

Цените на добиточната храна беа пониски во 25-те земји на ЕУ, паѓајќи до 12,9 отсто во Латвија, 12,6 отсто во Кипар и 12,4 отсто во Словачка.