Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации.

Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови.