Холандија остана без ААА кредитен рејтинг

121

AAA rejtingХоландија го загуби врвниот кредитен рејтинг ААА, откако американската бонитетна агенција Standard & Poor’s го намали на АА+.

Како причина за тоа се наведува слабеењето на перспективите за економски раст на Холандија.

“Намалувањето на рејтингот го отсликува нашиот став за перспективите на економски раст на Холандија, кои сега се пониски од претходно предвидените”, се наведува во соопштението, пренесуваат агенциите.

Со ова во Европа остануваат уште седум земји со највисока оценка за кредитен рејтинг ААА, според проценките на трите највлијателни рејтинг агенции Moody’s, Fitch и Standard & Poor’s. Тоа се Швајцарија, Данска, Норвешка, Шведска, кои се оценети со стабилна перспектива, и Германија, Финска и Луксембург, кои имаат негативна перспектива.

Покрај Холандија, оваа година и во 2012, тројното А го изгубија и Франција, Велика Британија и Австрија.

Во светот само уште Австралија, Канада и Сингапур имаат највисока оцена на кредитниот рејтинг според овие бонитетни агенции.