
Турција очекува оваа година да биде домаќин на повеќе од седум милиони руски туристи, изјави Хасан Екер, потпретседател на Асоцијацијата на турски туристички агенции (ТУРСАБ).
На меѓународниот саем за туризам во Москва, Екер за Anadolu Agency изјави дека оваа година има големи очекувања од рускиот пазар, бидејќи Турција во моментов е на високо ниво во однос на цената и квалитетот на туристичките услуги.
„Поради овие причини, мислиме дека на руските туристи ќе им се допадне Турција повеќе во споредба со минатата година“, рече тој.