
Глобалното производство на челик во февруари падна за 3,4 отсто на годишно ниво, на 144,7 милиони тони, се вели во извештајот објавен од Светската организација за челик, која ги следи податоците за производството во 69 земји.
Кина, најголемиот светски производител на челик, произведе 78,9 милиони тони во февруари, што е за 3,3 отсто помалку од претходната година.
Индија бележи поинаков тренд бидејќи нејзиното производство на челик се зголеми за 6,3 отсто на годишно ниво, на 12,7 милиони тони во вториот месец од оваа година.
Јапонија во февруари произвела 6,4 милиони тони челик, 8,5 отсто помалку од минатата година, додека производството во САД е намалено за седум отсто на шест милиони тони.
Производството на челик е намалено и во Русија, за 3,4 отсто на 5,8 милиони тони, додека во Јужна Кореја е зголемено за 0,7 отсто на 5,2 милиони тони.
Во Турција, производството на челик во февруари падна за 5,6 отсто на годишно ниво, на 2,9 милиони тони, исто како и Бразил за 1,6 отсто на 2,7 милиони тони, Германија за 13,5 отсто на 2,7 милиони тони и Иран за 21,8 отсто на 1,7 милиони тони.











