
Италијанската банка UniCredit (Уникредит) втора по големина во земјата по Intesa Sanpaolo, доби одобрение од Европската централна банка (EЦБ) да го преземе домашниот конкурент Banco BPM (Банко БПМ), за кој има дадено понуда вредна 14 милијарди евра.
Понудата на Уникредит за третата по големина италијанска банка, Банко БПМ, е еден од неколкуте непријателски обиди за преземање кои неодамна се појавија на локалната банкарска сцена. Во последните неколку години, благодарение на високите каматни стапки, италијанските банки остваруваат рекордни профити.
Акционерите на Уникредит одобрија издавање на нови акции за финансирање на преземањето. Сепак, извор близок до случувањата изјави за Ројтерс дека Уникредит најверојатно ќе почека околу еден месец пред формално да започне со процесот на преземање.
Италијанскиот банкарски регулатор Consob се очекува да ја одобри намерата на Уникредит оваа недела, што е последниот чекор пред Уникредитt официјално да го иницира процесот.
Извршниот директор на Уникредит, Андреа Орсел, во неколку наврати изјави дека нема да го загрози приносот на акционерите поради неговата намера да преземе конкурент.
Намерата за купување првпат беше објавена во ноември минатата година, неколку недели откако Банко БПМ почна да го купува италијанскиот фонд за управување со средства Анима Холдинг. Таа аквизиција би чинела 1,8 милијарди евра.
Сепак, тоа стана покомплицирано откако ЕЦБ издаде негативно мислење за можноста Банко БПМ да го користи таканаречениот „дански компромис“ модел при преземањето на фондот.
Ова е поповолен капитален третман за банката во случај преземањето да се изврши преку осигурителниот дел од бизнисот. Ова ја направи опцијата за купување на Анима Холдинг поскапа за Банко БПМ.
Уникредит повтори дека внимателно ќе ги следи ефектите врз профитабилноста и нивото на капиталот на BPM пред да преземе дополнителни активности.
Банката, исто така, соопшти дека се докажало дека се во право со тоа што не понудиле речиси никаква премија за акционерите на БПМ.
UniCredit неодамна доби одобрение од ЕЦБ да купи до 29,9 отсто од акциите во Commerzbank, што би можело да и помогне во обидот да ја преземе втората по големина германска банка, за која Орсел рече дека може да почека до крајот на 2027 година.











