
Илјадници работници во банкротираниот производител на батерии Нортволт во Шведска се без работа, а компанијата ќе продолжи да работи под стечај.
Во Шведска во оваа компанија ќе останат вработени околу 1,7 илјади лица, додека, според информациите на шведскиот јавен сервис СВТ, без работа ќе останат 2,8 илјади работници.
Нортволт долго време е голема надеж за европската автомобилска индустрија, пренесува Мина.
Сепак, по започнувањето на планот за проширување на производството на батерии и неколкуте деловни неуспеси, како што е повлекувањето на нарачката од БМВ вредна повеќе милијарди евра, долговите на компанијата почнаа да се зголемуваат.
Во септември минатата година, Нортволт првично објави дека ќе отпушти околу 1.600 вработени во Шведска и ќе паузира неколку планови за проширување.
Два месеци подоцна, компанијата поднесе барање за заштита од стечај во Соединетите Американски Држави (САД), надевајќи се на успешен процес на реструктуирање, а во средината на март, поднесе барање за банкрот во Шведска поради тековните проблеми со финансирањето.











