Во март падна продажбата на Tesla во Европа

Продажбата на возила на Tesla и на клучните европски пазари падна во текот на март, покажуваат податоците од британската кампања за промоција на електрични возила „FairChange“.
Tesla објави 3.157 продадени автомобили во Франција, 911 во Шведска и 2.211 во Норвешка во март, што е пад од 36,83 отсто, 63,9 отсто и еден отсто во однос на минатата година, според официјалните податоци, пренесува Ројтерс.

Во Данска се пријавени вкупно 593 продадени возила што е пад од 65,6 отсто, а во Холандија за 61 отсто на 1.536.

Кварталната продажба падна за 41,1 отсто во Франција, 55,3 отсто во Шведска, 12,5 отсто во Норвешка, 56,4 отсто во Данска и 49,7 отсто во Холандија.

Пазарниот удел на Tesla во Франција падна на 1,63 отсто во кварталот што заврши во март.

Последниот месец во Португалија е забележан раст од два отсто, но продажбата на тримесечно ниво падна за 26 отсто и покрај забрзаниот тренд на купување електрични возила во таа земја.

„Ниту една автомобилска марка никогаш не доживеала таков глобален пад“, вели Квентин Вилсон, основач на кампањата Fair Change.

Според извештаите, потрошувачите избегнуваат да купуваат модели на Tesla главно поради блискоста на сопственикот на Tesla и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, со екстремно десничарските партии во Европа.