Рајанер е првата европска авиокомпанија која превезува 200 милиони патници за една година

Ирската нискобуџетна авиокомпанија Ryanair денеска објави дека превезла 200,2 милиони патници во фискалната година до крајот на март, што ја прави првата европска авиокомпанија која превезува 200 милиони патници во една година.

Компанијата со седиште во Даблин, исто така, соопшти дека во март превезла 15 милиони патници, што е за 10 отсто повеќе од пред една година, пренесува Ројтерс.

Во јануари Ryanair ја намали прогнозата за раст на сообраќајот во новата фискална година од 210 на 206 милиони патници поради доцнење со испораката на авиони Боинг.