Цените на нафтата драстично паднаа

Азиските акции остро паднаа во четвртокот бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на трговска војна, рецесија и зголемена инфлација, откако Вашингтон објави повисоки царини од очекуваните.

Hа девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути нагло падна и се лизна на најниските нивоа од средината на октомври минатата година.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 103,13 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,20 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 149,80 на 147,25 јени.

Американската валута исто така ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0915 долари, додека вчера во ова време беше 1,0795 долари.

И додека доларот е под притисок, поради неизвесноста на финансиските пазари, најмногу пораснаа курсевите на јапонскиот јен и швајцарскиот франк, валути кои се сметаат за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.

Цените на нафтата драстично паднаа

Цените на нафтата, пак, нагло паднаа бидејќи трговците се плашат од забавување на економскиот раст, а со тоа и побарувачката на „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово потона за 2,13 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,25 отсто, на 69,75 долари.