САД не вовеле царини за Русија и Белорусија поради санкциите

Секретарот за финансии на САД, Скот Бесент, денес соопшти дека Соединетите Американски Држави не воведуваат давачки за увоз на артикли од Русија и Белорусија, бидејќи производите од овие држави не се доставуваат до американскиот пазар.

“САД не тргуваат со Русија и Белорусија бидејќи тие се под санкции”, нагласи тој во интервју за Фокс њуз.

Американскиот веб-портал напоменува дека САД сè уште остваруваат поголем обем на трговија со Русија во споредба со некои од земјите кои се наведени на листата за царини, која вчера вечерта беше воведена од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, како што се Маурициус или Брунеи.

Фото:Pixabay