
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави за Newsmax дека вчерашниот пад на берзата, најголем од 2020 година, е само еден лош ден.
„Но, долго време ќе имаме бум на берзата, бидејќи повторно инвестираме во Соединетите Американски Држави“, рече тој.
Потпретседателот нагласи дека владата сака Волстрит да работи успешно: „Но она што ни е најважно се американските работници и американските мали бизниси. Тие се оние кои ќе имаат најголема корист од овие политики“.
Венс, исто така, рече дека воведените царини можеле да бидат многу повисоки, но дека Трамп се обидува да испрати порака дека САД ќе бидат донекаде попустливи.
Откако Вашингтон најави воведување драстични царини, нагло паднаа сите најголеми светски берзи, а само на Волстрит беа збришани околу 2.400 милијарди долари од пазарната вредност на компаниите од индексот S&P 500.
Фото:Pixabay











