
Акциите на енергетската компанија Либерти Енерџи изгубија речиси една третина од својата вредност за само два дена, што претставува еден од најголемите падови во американскиот сектор за енергетски услуги во последните неколку месеци.
Американската компанија за нафтени услуги загуби голем дел од својата пазарна вредност, откако цената на референтната американска сурова нафта падна на близу 60 долари за барел, што е најниско ниво од 2021 година, објави CNBC.
Либерти енерџи е основана од Крис Рајт, секретар за енергетика во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, но се повлече од компанијата откако стапи во јавна функција.
Фото: Pixabay











