Јагуар ги прекинува испораките во САД за април поради царините

Британската компанија за производство на престижни возила, Јагуар Ленд Ровер,  објави дека привремено ќе ги прекине пратките кон САД во текот на април, поради “новите трговски услови” генерирани од тарифите воведени од страна на Вашингтон.

Според компанијата, “САД се важен пазар за луксузните брендови на JLR.”

Во соопштението се додава: “Додека работиме на разрешување на новонастанатите трговски услови со нашите деловни партнери, ги спроведуваме нашите краткорочни активности, вклучително и пауза на испораката во април”.

Компанијата исто така напоменува дека во моментов се врши анализа на “нашите среднорочни и долгорочни планови.”

Фото: Pixabay