Audi го суспендира извозот во САД поради царините на Трамп

Германскиот производител на автомобили Ауди одлучи да го прекине извозот на возила во САД поради новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп.

Портпаролката на компанијата Ауди  потврди дека сите возила на компанијата кои пристигнале во САД засега треба да се чуваат на местото на испорака и да не се предаваат на дилери.

Трговците на мало во Америка треба да се фокусираат на намалување на нивниот моментален залихи, што е доволно за околу два месеци, пишува Spiegel.

Ауди моментално има повеќе од 37.000 автомобили на залиха во САД кои не подлежат на новите тарифи и можат да се продаваат по старите цени, додаде портпаролката.

Ауди нема сопствен производствен капацитет во САД, а возилата за американскиот пазар се произведуваат во Мексико, Германија, Унгарија и Словачка.

Матичната компанија на Audi, Volkswagen, исто така ги предупреди своите дилери во САД и најави дополнителни трошоци, објави Wall Street Journal (WSJ) минатата недела.

фото: Pixabay