Познато која фирма ја доби концесијата за Македонско село, ќе плаќа кирија од 3.500 евра

Фирмата „Ла тераца“ за месечна кирија од 3.500 евра го доби под концесија комплексот Македонско село во Горно Нерези.

Според информациите од СОЗР закупецот е избран по пат ја електронска јавна аукција. Како што вели директорот на СОЗР, Ивица Томовски, доколку закупецот се откаже од работата пред истекот на рокот од 15 години, се активира банкарската гаранција, а таа изнесува 5% од договорот за закуп.