
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 102,20 поени.
Истовремено, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се лизна за 0,6 отсто, на 146,80 јени.
Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0985 долари, додека вчера во ова време беше 1,1045 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 1,36 отсто, на 64,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,15 отсто, на 61,60 долари.
Фото: Pixabay